Шпанскиот амбасадор заинтересиран за водоснабдувањето во Струга

На барање на амбасадорот на Шпанија г-дин. Емилио Лоренцо Сера, денес градоначалникот на Струга Рамис Мерко заедно со директорот на НП Водовод и санитарија  Дашмир Насуфи, одржаа онлајн состанок

Шпанија, која како држава, е рангирана во првите десет земји на светско ниво за водостопанство, предлага да се работи со повеќе општини од Република Северна Македонија, меѓу кои и Струга е. На состанокот се разговараше за водостопанство и снабдување, канализациона мрежа како и канализација. Соработката ќе продолжи и понатаму, со посетата на тимот експерти и самиот амбасадор во Струга, информираат од општина Струга. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани