Општина Охрид заедно со ЈП „Билјанини извори“ наскоро започнува проект за нов начин на наплата за паркирање на возила во Охрид . Охриѓани, гостите и туристите наплатата за паркирање на своето возило може да го реализираат со испраќање на SMS порака.
Според проектот централното градско подрачје се дели на три зони А (црвена) зона, Б (темно сина) зона и В (светло сина) зона согласно приложената мапа.

На сите градски улици во центарот на Охрид ќе се наплатува паркинг. Паркирањето на автомобилот пред своите домови ќе го плаќаат и жителите на центарот. За нив цената ќе биде 500 ден месечно или 6000 денари годишно.
Проверете дали и вашата улица ќе б иде паркинг……
Прв степен на ограничување на паркирање – ЗОНА А се применува на сите јавни
паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање кои се наоѓаат на следните
сообраќајници – улици:
– улица Илинденска по цела должина
– улица Цар Самоил по цела должина
– улица Коста Абраш по цела должина
– Бул. Македонски Просветители од пресекот на оваа улица со Бул. Туристичка до
кружниот тек на Плоштад заедно со кружниот тек на сообраќај,
– улица Кеј Македонија од кружен тек до крстосница со ул. АСНОМ ( во временски
период кога улицата е отворена за динамички сообраќај на моторни возила)
– улица Партизанска од пресекот со ул. Македонски Просветители до пресек со ул.
Ванчо Николески
– ул. Димитар Влахов од пресекот со ул. Ванчо Николески до крајот
– ул. Кузман Јосифоски Питу по цела должина
– ул. Ванчо Николески од пресекот со ул. Партизанска до пресек со ул. Кеј Македонија
– ул. Јане Сандански од пресекот со Партизанска до пресек со Кеј Македонија
– новопроектирана улица кај стара Автобуска станица
– паркинг просторот кај Стара стоковна куќа Чинар
Втор степен на ограничување на паркирање – ЗОНА Б се применува на сите јавни
паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање кои се наоѓаат на следните
сообраќајници – улици:
– ул. Даме Груев од пресекот со Бул. Македонски Просветители до Бул. Туристичка
– ул. Ванчо Николески од пресекот со Партизанска до Димитар Влахов
– ул. Партизанска од пресекот со Ванчо Николески до крај
– ул. АСНОМ од пресекот со Бул. Туристичка до пресекот со Кеј Македонија
– ул. Кеј Македонија од пресекот со АСНОМ до Каналот Студенчишта
– ул. Караорман од Димитар Влахов до пресек со Бул. Туристичка
– ул. Паркинг просторот кај станицата за Брза помош
– ул. Серафим Китаноски
– ул. Војдан Чернодрински
– ул. Страшо Пинџур
Трет степен на ограничување на паркирање – ЗОНА В се применува на сите јавни
паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање кои се наоѓаат на следните
сообраќајници – улици:
– Бул. Туристичка од пресекот на оваа улица со ул. Абас Емин до пресекот со ул. Јане
Сандански
– ул. Јане Сандански од пресек со Бул. Туристичка до кружната крстосница кај Општа
Болница
– ул. Гоце Делчев од пресекот со Абас Емин до Стив Наумов
– ул. 7 – ми Ноември – паркингот кај ОУ “Братство и Единство” и паркинг просторот од
десна страна од Маркет Тамаро до стара бензиска пумпаа
