Сите партии за попис со етничка определба , освен СДСМ

Сите политички партии во Македонија,  сакаат попис со етничка и верска определба, освен СДСМ , кои сакаат попис на населението без етничка графа.

Албанските партии стојат на ставот дека пописот без етничка определба нема да биде целосен, потпирајќи се на, како што велат, фактот дека правата на Албанците во земјата се зависни од бројки. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека при пописот не треба да се прави етничка поделба, туку треба да се утврди точната бројка на населението кое живее во Македонија, бидејќи како што тврди – Македонија лека-полека се празни.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ етничката определба е многу важна.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека тие како политичка партија ќе се спротивстават на пописот на население, доколку истиот не содржи етничка и верска графа. Според него, слободното искажување на националната и верската припадност е согласно универзалните човекови права.

И од Движењето Беса со став дека на државата и на институциите им се потребни точни статистики околу етничкиот состав.

Али Ахмети, во интервју за Радио слободна Европа, изјави дека за неговата партија не претставува никаков проблем дали ќе се внесе или не етничката графа во пописот на население во 2020 година, пренесува ТВ 21. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани