Напаѓачот ја допирал девојката и избегал.
Полицијата трага по маж кој вчера утро нападнал 25 годишна девојка а потоа ја допирал по телото. Немилиот настан се случил на 16.06.2019 година во 02 часот и 45 минути по што, во полициската станица во Охрид, 25-годишна девојка од Скопје пријавила дека на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид била физички нападната и допирана по телото од непознато лице.
– СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
