Скопски „Голф“ излетал од патот кај Франгово

Повредени се возачот и сопатничката.

На 14.07.2019 околу 15.50 часот на магистралниот пат Ќафасан-с.Подмоље, струшко, на место викано „Пескавица“ во близина на с.Франгово, М.Д.(35) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот.
Во врска со незгодата, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, соопшти: „Во незгодата, возачот М.Д. и сопатничката Ј.Ќ.(27) од с.Умин дол, кумановско, се здобиле со повреди. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга“.

Social profiles