„Sky Corner“ и Ристе виолинчето хуманитарно за Јана.
Хуманитарната вечер посветена на нашата Јана ќе биде на 22 ри овој месец. Ексклузивниот хотел во стакло кој има шмек, стил, елегантност и исклучителна атрактивност, што му дава „душа“ на Охрид, во вторник 22 октомври, организира несекојдневна и незаборавна гала забава со врвниот маестро Ристе виолинчето и посебно одбрано мени, специјално за таа вечер.
Ексклузивниот хотел во стакло, по неодамнешната незаборавната сентиш забава со Ѓоко Танески, ги повикува охриѓани да дојдат и да бидат дел од, уште една прекрасна забавна приказна, која овојпат има и хуманитарен карактер, е со љубов и искрени желби за подобро здравје е посветена на нашата сограѓанка Јана.. Од „Sky Corner“ велат дека со срце ја подготвуваат забавата посветена на Јана и со огромна љубов и даваат силен поттик и енергија да ги преброди здравствените проблеми. „Sky Corner“ е респектабилен охридски угостителски бренд со ексклузивен препознатлив стил, надополнет со европска смисла за квалитет. Со „Sky Corner“,Охрид доби супер-модерен хотелско-туристички објект по највисоки стандарди и е меѓу врвните хотелски капацитети во земјава и пошироко. Од „Sky Corner“, се пружа прекрасен импресивен панорамски поглед кон чаршијата, према стариот град и секако кон бисерот на градот-Охридското езеро. „Sky Corner“ е љубов на прв поглед, уникатен е, има неповторлив амбиент, освојува и плени со прекрасниот и топол ентериер, со единствениот дизајн и со внимателно одбраните бои и нијанси на мебелот и секако, со луксузните сместувачки апартмани. „Sky Corner“ нуди бренд на производи, ексклузивна француска кујна и француски слатки,четири солени соби за масажа, бјути центар и многу други атрактивни понуди што ја освојуваат душата на секој домашен и странски гостин. „Sky Corner“ дефинитивно донесе раскош, вистински квалитет и освежување меѓу хотелско-угостителските објекти во градот.
На 22-ри бидете дел од новата прекрасна приказна во охридскиот преубав „Sky Corner“ и уште еднаш отворете го своето срце за нашата Јана.
