Полицајците утрово добиле пријави за графити во две струшки села.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека утрово во полициската станица во Струга, биле пријавени два настани во врска со претстојните избори. Димоски рече дека на дваесетти април оваа година околу 09.00 часот,во полициската станица Струга било пријавено дека на оградата од основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште била закачена слика на еден од кандидатите на претстојните избори.
-На дваесетти април оваа година околу 09 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори. Се преземаат мерки за расчистување на двата пријавени случаи, изјави Димоски.
