Со богата програма се одбележа Денот на Охридското езеро

После милиони години постоење најстарото и најбистрото езеро во Европа   денес се соочува со бројни предизвици.

Прекумерната урбанизација,  неводење грижа за автохтоноста на брегот на Охридското езеро, негрижата  за природните реткости и биодиверзитетот , како и загадување со отпад .

Првите луѓе на трите градови на брегот, денес на Денот на Охридското езеро,  по традиција најавија  поголема грижа и заштита на еко системот, но и заедничка битка со бројните предизвици.

Клучен проблем се дивоградбите в долж крајбрежието. Општините Охрид и Поградец  веќе започнаа ревизија на урбанистичките планови.

-„ Имаме огормен проблем, објект до објект  се изградени. Со самата ревиија на урбанистичките планови ќе покаже колку е исправно тоа што се правело.01 18 Секторот за урбанистичко планирање кое заедно со планерите кои работат во општина Охрид од другите градови работат на таа тема па за да се изнајде соодветно решение“ , вели Игор Бежоски секретар на општина Охрид.

-„Самата општина има подготвено план урбанистички но и стратешки план за тие места кои би било можно да се постават угостителски објекти кои ќе нудат услуги за туристите исе поставени критериуми кои мора да се почитуваат ис метам дека  на овој начин ќе се регулира ова прашање“, вели Едуард Капри градоначалник на Поградец.

Наспроти нив, градоначалникот на општина Струга смета дека градбите на брегот го разубавуваат езерото, а со тоа ја  збогатуваат  туристичката понуда.

– „Секој кој мисли дека го загрозуваме езерото и екологијата јас го велам спротивното. НИе со сите овие туристички понуди со тие времени концесии само го подобруваме и го заштитуваме крајбрежието. Инаку таму каде што нема концесионер и каде што нема времени обејкти сами сте сведоци дека има дива вегетација змијарници или депонии и ништо друго“, изјави градоначалникот Рамиз Мерко.

Охридското езеро е бренд на трите градови  распослани на брегот Охрид, Струга и Поградец, но и светска природна реткост , токму затоа грижата за негова заштита треба да биде заедничка. Општините размислуваат и за заедничка туристичка презентација на меѓународните саеми.

Инаку со  богата културно уметничка програма денес во Струга, по 18 пат се одбележа Денот на Охридското езеро.   И двете страни, Македонија и Албанија  имаат заедничка волја да се грижат за езерото за што веќе   ја  усогласуваат  и законската легислатива.

Новинар Соња Рилковска

ТВМ Телевизија

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани