Со европски пари дополнителна заштита на Вевчанските извори.
-Имавме одлична работна средба со директорката на фондацијата „Friedrich-Ebert-Stiftung“ за Македонија, Ева Елерејт и Ивана Вучкова Координатор на програмата. На средбата ги презентиравме нашите визии за модерна Општина Вевчани ставајќи акцента на заштитеното подрачје “Вевчански извори,” заштита на животната средина и одржливи проекти. Од страна на Директорката ни беше ветена сесрдна помош во проектите и позасилена соработка помеѓу Општина Вевчани и фондацијата Friedrich-Ebert-Stiftung во имплементација на нови Европски проекти, информира градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски.

