Пристигнаа првите вакцини во земјава

Утрово  пристигнаа првите вакцини против Ковид-19 во земјава.

Првата пратка е од производителот Фајзер, а обезбедени се од Република Србија. Примопредавањето беше извршено на граничниот премин Табановце, каде што присуствуваше делегација од Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а беа пречекани од премиерот Зоран Заев.

“Драгоцен чин на пријателство и пријателски подадена рака од Србија”. Вака шефот на македонската влада ја оцени соработката со нашиот северен сосед, при која се обезбедија четири илјади 680 вакцини од Фајзер.

Српскиот претседател Вучиќ, пак, нагласи дека сложените административни процедури ја одложиле пратката, а Србија има еден интерес со Македонија – продлабочување на пријателските односи.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.

Интерес за вакцинирање преку веб сајтот вакцинација.мк до вчера имаа изразено над 40.000 граѓани.

Како што напомена министерот за здравство Венко Филипче на денешниот настан, вакцинацијата во Македонија ќе почне во среда.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани