Рудолф Бројс од Австрија целиот свој живот го посветил на изнаоѓање на најдобриот природен лек против ракот.
Тој направил специјен сок кој давал одлични резултати во третманот на оваа болест. Со помош на неговиот метод, излечил повеќе од 45.000 луѓе со рак и други болести. Според Бројс, ракот може да се преживее само со помош на протеини.Поради тоа тој развил посебен пост во траење од 42 дена, во текот на кој се пијат само чаеви и посебен сок од зеленчук, а главната состојка е цвеклото. Во текот на овие 42 дена клетките на ракот гладуваат и умираат, додека здравјето на комплетниот организам се подобрува.
Бројсовиот сок се прави само од еколошки зеленчук. Сокот може да се направи дома од домашен зеленчук, а се состои од: цвекло (55%), моркови (20%), корен од целер (20%), компири (3%) и ротквици (2%). Важно е да се напомене дека со сокот од цвекло не треба да се претерува, но потребно е да се земе онолку колку што организмот во оваа терапија, сам бара.
Цвекло е веќе традиционален и познат лек за леукемија. Овие зеленчуци содржат аминокиселина бетаин, која има анти-канцерогени својства. Терапијата со цвекло, подрзабира секојдневна доза на сок од цвекло или сирово рендано цвекло и докажано има позитивен ефект на леукемијата и многу други видови на рак, како што било потврдено од страна на илјадници луѓе.
Но, редовното консумирање на цвекло помага и против заболувања предизвикани од оксидативен стрес, а влакната кои ги содржи цвеклото можат даго намалат холестеролот во крвта и до 40%. Цвеклото е познато и по тоа што го нормализира крвниот притисок и помага во одржување на еластичноста на крвните садови. Цвеклото спречува и лечи и проширени вени, ако се консумира секој ден. Железото од цвеклото е моќна алатка за чистење на телото од токсини и создавањето на крв. Затоа цвеклото е ефикасно во лекувањето на многу болести предизвикани од токсините.Цвеклото особено, треба да го консумираат бремени жени, бидејќи е богато со фолна киселина, која спречува многу болести кај новороденчињата. Покрај тоа, сокот од цвекло ја стимулира работата на црниот дроб и жолчката и спречува запек, а во комбинација со морков, цвеклото е одличен лек за гихт, бубрези и жолчна кеса. Но неговите лековити својства ни тука не запираат, цвеклото е неверојатно лековито и помага при главоболки, забоболки, дизентерија, болка во коските, кај кожните и менструалните проблеми.
Извор:sitel.com.mk