Пред пола сат случена е сообраќајката после Подмолје во близина на селото Горенци.
Уште една тешка сообраќајка одзеде човечки живот на патот Охрид-Кичево кај Подмолје. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, потврди дека нешто после 19 часот случена е тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат во близина на селото Горенци после Подмолје. Рече дека, за жал има едно загинато лице но не го откри идентитетот и најави повеќе информации за утре. Додаде дека на местото на сообраќајната незгода ќе се врши увид.
Вчера сообраќајка со жртва се случи кај Мислешево, загина 31 годишен стружанец.