Запалил сува трева ја пеплосал плевната од комшијата

Пожарот се случил во околината на Велешта.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.В.(63) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 16.10.2018 година во 15.10 часот во село Велешта, струшко, пријавениот со палење на сува трева предизвикал пожар, кој потоа се проширил и ја зафатил плевната, сопственост на С.Ш.(61) од село Велешта. Во пожарот била опожарена кровната конструкција, бали со сено, дел од земјоделска механизација и друго, со што била причинета материјална штета од 400.000 денари.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани