На шести ноември оваа година околу 21 часот, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Владо Малески“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир.
Во обложувалницата, А.Ж. (59) од струшкото село Велешта физички го нападнал Н.П. (37) од струшкото село Долна Белица. Тој се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Струга.
Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
