Уште една сообраќајка денеска во Охрид.
Сообраќајка се случи пред нецел час во близина на населбата Рача, на влез во Охрид. Наши читатели јавуваат дека две возила се судриле пред Рача поради што се створила долга колона возила кои чекаат да завршат мерките на полицијата која вршела увид. Дознаваме дека нема сериозно повредени во сообраќајката. Денеска ова е втора сообраќајка случена во Охрид. Напладне на пресекот на „Македонски просветители“ и „Димитар Влахов“ во сообраќајка беше повреден моторциклист а кај струшко Мислешево тешко е повреден велосипедист кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“.