Националниот парк „Галичица“, со соопштение ги информира граѓаните за забраните за движење низ шумите од Националниот парк.
Согласно одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство за целосна забрана за движење низ шумите, без оглед на нивната намена, Националниот парк „Галичица“
забранува секакво движење низ шумата во границите на паркот.
-Се забранува напуштање на регионалните и локалните асфалтни патишта кои се низ територијата на паркот. Се забранува секакво движење ( пешачки, велосипедски и диви патеки) низ шумата во паркот. Не е дозволено палење на оган на отворен простор во границите на паркот во овај период, нити на места означени за тоа. Посетители кои влегуваат и се движат по асфалтните патишта ќе бидат легитимирани од страна на соодветни служби на паркот и ќе биде евидентиран нивниот престој, информираат од Националниот парк „Галичица“.
Додаваат дека посетителите се должни да ги почитуваат упатствата на вработени кои патролираат низ паркот со цел да се помогне да се зачува паркот од појава на шумски пожари. Непридржувањето на овие одлуки подлежи на парична санкција на прекршителот. Одлуката е донесена на 05.08 2017 година и ќе трае се до нејзиното отповикување, стои во соопштението од Националниот парк „Галичица“.