На 5 ти август во Црквата „Свети Никола“во Вевчани,беше промовирана втората книга на гимназијалката Верица Мукоска од Вевчани,во рамките на програмата на Вевчанското културна манифестација„ ВЕВКУЛ 2017“романот го промовираа познатите Македонски писатели за деца Мишо Китаноски и Петко Шипинкаровски.
Средношколката –младата авторка родена 1999 година во Вевчани .Стихови почнала да пишува уште во најраните детски денови и во издание на „Бата прес“ во 2009 година,ја објави стхозбирката „Стихови од срцето на природата“. Основно училиште завршува во родното место Вевчани,а средо образование – гимназија учи во Струга.
Романот „Дневникот на длабоките тајни“ е нејзино прво прозно дело.Станува збор за возбудлива книга,сторија пребогата со случувања во кои родителот Марвел,просто заборавил на својот пород,на сопругата,на љубовницата,обврските кон својата компанија и се впушта во авантури и ризични потфати,дури и со препродавање на дрога,истакна промоторот Петко Шипинкаровски,додека пак писателот за деца,истакнатиот публицист Мишо Китаноски,повеќе се осврна на ликот на младата авторка,која создала современа новела чии дејствија се случуваат во Падова,под староградските ѕидови во татковината на романтичарската љубов во Италија истакна Китаноски.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ