Спортот во функција на хуманоста – поддршка за лицата со Даунов синдром

Симболично трчање на 5км во Струга за одбележување на 21.Март светскиот ден на лица со даунов синдром.

 

Спортот во функција на хуманоста и пренесување пораки за промена на општеството!

Дел од организаторите на Трка на поезијата во соработка со Спортски центар Форма Вита од Струга денес со симболично трчање го одбележаа светскиот ден на лицата со даунов синдром.

Нашата цел е да се слушне гласот за поддршка и еднаквост на лицата со даунов синдром. Изборот тоа да го направиме преку спортска активност (овој пат трчање) е најубавиот начин за нас да ги поттикнеме луѓето да се бават со физичка активност притоа придонесувајќи за општествени промени.

Лицата со даунов синдром се едни од најчистите срца и сметаме дека заслужуваат и можат еднакво да се носат со сите животни предизвици.
Вклучувајќи се сите заедно можеме да дадеме голем придонес во подобрување на квалитетот на животот на лицата со даунов синдром.

Посакувам сите да имаме трошка љубов како онаа што тие лица со себе ја носат, така светот ќе биде уште поубаво место за живеење – Мими Стојаноска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани