Денес 6 јуни ќе се одржи министерска средба во Охрид на министрите за култура на Македонија, Црна Гора (и Албанија како набљудувач) со учество на градоначалниците на Охрид, Струга, Дебрца и Котор и претставници од УНЕСКО.
Целта е да се разменат искуства за тековните и идни активности поврзани со препораките на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО на Охридскиот регион и градот Котор, добра впишани на репрезентативната листа на светско наследство на УНЕСКО. Освен тоа, Националната комисија за УНЕСКО и Владата официјално го поддржаа доставувањето на номинационото досие на за проширување Охридскиот регион, по чие впишување што се очекува во 2019 година, ќе се интензивира прекуграничната соработка за Охридскиот регион со Албанија.
