Стартува Меѓународниот пливачки маратон во Охрид

Се е подготвено за стартот на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 км. Охрид 2017 кој во организација на Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид ќе се одржи утре во водите на Охридското езеро на потегот од Старото пристаниште до х. Милениум.

 

На синоќешниот технички состанок претставници на организторот и званичниците на ФИНА ФИНА ги запознаа пливачите, судиите и техничките лица со пропозициите за денешната трка и ја истакнаа подготвеноста за старт на Олимпискиот Пливачки Маратон. 12 пливачи од 6 земји, 10 во машка и 2 во женска категорија ќе ги брануваат водите во Охридското езеро, со старт во 12 ч. за мажи и 5 минути подоцна за жени.

 

Пливачите синоќа и официјално беа претставени пред охриѓани и гостите на градскиот плоштад во Охрид.
Овој спортски настан воедно претставува и испит за организаторот со можност од идната година Охридда биде домаќин на свески куп во олимписки маратон и место каде би се одржувале квалификации за пливачи за учество на олимпијадата во Токио 2020 г.
Ги покануваме охриѓани и гостите да уживаат во прекрасната спортска манифестација. Конкуренцијата на пливачи ветува возбудлива и неизвесна трка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани