Во десет дена пет казни за скутерџии

Изминативе десет дена, пет скутерџии заработија казни. Прекршочни пријави заради недозволено дивеење на охридските плажи во просторот наменет за капачите , во  време кога возењето на скутери е забрането од 11 до 19 часот.  

 Казна заработи и соственик на рекреативен чамец затоа што го претоварил пловилото.

Инспекторите за внатрешна пловидба секојдневно се во вода, се вршат редовни и вонредни контроли.

-„Казните се најчесто за глисирање под бовите и за непочитување на одлуката на владата за ограничување на пловидбата на скутери. 0546 Добиваме и реакции од капачи, добиваме и од полицијата имаме дојави и на  нашиот број но најчесто е од констатирани ситуации на терен лично од инспекторите“, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа.

Невистините се обвинувањата на социјалните мрежи, дека охридските бродови пловат претоварени, тврди капетанот. Сите контроли потврдиле дека не се надминува дозволениот број на патници на туристичките бродови.

-„ Бројот на патници на бродот го контролира заповедникот на бродот и тоа е негова законска обрска.При самото товарање на патници и при истоварање. Тие сите податоци колку патници влегле, каде излегле, во колку часот се водат во бродскиот дневник, кој што е уредно воден“, вели Устијаноски.

Изминативе години подигната е безбедноста во внатрешната пловидба. Поставени се сообрајкајни знаци, одбележани се водените патишта, регистрани се сите кајчиња и бродови,  а воспоставена е и радио врска со пловилата.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани