„Стоматолозите на распиратор“, утре голем онлајн протест

Под мотото „стоматолозите на распиратор“ , приватните заболекари  од земјава утре  организираат голем онлајн протест.

 

Во пандемијата велат им се зголемија трошоците , а им се намалија приходите, барале но не добиле никаква поддршка од државата.  Голем дел од нив стравуваат од затворање на нивните ординации.

„Наоѓајќи се на првата борбена линија изложени на огромен здравствен ризик  со зголемени трошоци неколкукратно зголеми расходи оставени се без никаква поддршка од државата.Стравуваат од затворање на нивните ординации“ , вели Грација Бакраческа претседател на Регионален одбор Охрид и Дебарца Стоматолошка комора на РМ.

 Бараат финансиска помош се` додека трае кризната состојба во вид на плати и набавка на заштитна опрема против  ковид пандемијата.

„Да им се исплатат минимални бруто плати за вработените , финансиска помош за сите стоматолошки ординации поради користење на субстандардна заштитна опрема поради пандемијата“, додава Бакраческа.

Пред четири месеци Здружението на приватни стоматолози и доктори по дентална медицина   иницирала средби за подобрување на неподносливата ситуација на стоматолозите и почнале  преговори,но  до денес  нема завршница.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани