Струга бара недела да биде работен ден во туристичките центри

Општина Струга и градоначалникот Рамис Мерко се приклучуваат кон барањето на туристичкиот сектор, гастрономите, кафулињата и продавачите недела да биде работен ден во туристичките градови, односно во Струга.

-Барањето е упатено до Министерството за економија, односно до Владата на Република Северна Македонија, да донесе одлука горенаведените бизниси да имаат работни денови во недела, како посебна единица за туристичката сезона.
Струга е град кој зависи од летната сезона, затоа недела, како неработен ден сериозно ќе ризикува и негативно ќе влијае на локалниот економски развој но и пошироко.
Очекуваме посета на министерот за економија и заедно да разговараме за изнаоѓање решение кое ќе одговори на потребите на граѓаните на Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани