Средбата започнува утре во хотелот „Дрим“.
Утре во 11 часот, свечено ќе бидат отворени Првите средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во Македонија со меѓународен карактер,кои ќе се одржат во Хотел “Дрим“ а ќе траат до 14 април.На настанот кој е од едукативен и спортски карактер, учество ќе земат претставници на институциите, на мрежата на организации на југоисточна Европа SEEN Transplant, релевантни стручни лица од областа, лица со трансплантирани органи и лица на дијализа од повеќе држави од регионот.
