Струга ќе добие пешачка патека од Аквариус до Сатеска

Струга инфраструктурно се уредува. Градежна офанзива на влезот на градот  од раскрсницата Охрид, Ќафасан и Дебар.

Изградени се нови тротоари, дождовна и одводна канализациона мрежа, а уредено е и градското шеталиште.

Првиот човек на градот најавува дека наскоро ќе се асфалтира целото шеталиште покрај езерото од Женска Плажа до седиштето на Црвен крст, а ќе се гради и нова крајезерска  рекреативна пешачка патека во должина од 4 километри.

-„Имаме проект за патека  веќе одбрен ни е од околу 4 км од Аквариус до Сатеска ќе има нова патека, засега во ширина од 3 меетри но со дополнителни средтсва на општината ќе ја направиме 5 метри, Ќе има посебна патека од 2 метри за велосипедисти и за пешаци ќе биде туристичка атракција со уредувањ на пакркинзи во целата должина на улицата и со осветлување засадувањe на дрва и така натака. Ќе видите што прави Струга“ , вели градоначалникот Рамиз Мерко во изјава за ТВМ телевизија.

Ќе се уредува и кејот и коритото  на Црн Дрим, каде не е интервенирано повеќе од четири  децении.

-„Проектот е во завршна фаза со ЕЛЕМ  односно со Хец Глобочица. Прво ќе го исчистиме муљот од устието на реката која не е исчистена 40 години со тоа ќе ги ослободиме и цевоводите кои го спуштаат подземните води во Дрмот и после одиме со нов проект кој веќе се работи со УНДП, Елем и опптина Струга во уредување на целото течение на ДРИМ до Ташмаруништа со тоа што се уредува и реката Сатеска која се пренасочува во старото корито. Тоа се големи проекти“, додава Мерко.

Струга заедно со Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и со конзорциум на холандски компании ги истражува можностите  за рехабилитација и надградба на браната  од  истекот на рекатa Црн Дрим. Вчера во општината се одржа јавна консултација за обезбедување на финансии од Холандската влада за  надградба на браната со која се управува со нивото на Охридското езеро.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани