Општина Струга ќе го промовира проектот “Promote tourism and culture through the water” – ToCulter.
Проектот “ToCulter” има главна цел да создаде заеднички туристички идентитет базиран на патеки за вода, специјализирани според идентитетот на локацијата и преку иновативна платформа и мрежни активности за развивање на промотивни туристички пакети за подобрување на прекуграничниот туристички производ и услуги и да се подобри протокот на туризмот во оваа област.
Настанот ќе се одржи на 15.03.2019 (Петок), во салата на советот на о. Струга, со почеток во 18.30 часот.
Проектот е финансиран од Европската унија од програмата на ИПА компонента 2, меѓугранична соработка со Р. Грција, а е во партнерство со Општина Струмица и Општините Волви, Садики , Серес и Солун од Р. Грција.
