Струга опколена со диви депонии. На излезот од градот, на стотина метри од Охридското езеро, се забележуваат планини отпад. Стар мебел, гуми, пластика, градежен шут натрупани покрај патот кој ги поврзува двата туристички центри.
Еколошката свест на граѓаните е под секое ниво, вели познатата уметничка од Малта , која веќе две години живее и твори во градот на мостовите. За да ги мотивира стружани да се грижат за јавната хигиена Шерафатманд од годинава воведе награда од 100 евра, секој месец за оние кои ќе ги чистат јавните површини.
– „Многу сакам да одам на прошетка покрај брегот на езерото и забележав дека насекаде премногу е расфрлан отпад. Зошто луѓето фрлаат толку ѓубре и немаат никаква одговорност кон природата-0510 Наградата е само да се охрабрат граѓаните да го чуваат градот чист, бидејки е преубав град и исто така да чуствуваат колективна одговорност за јавната хигиена во градот“, “ , вели Лида Шерафатманд уметничка од Малта.
Од струшкото јавно претпријатие велат постојано чистат диви депонии на разни локации низ градот и околината, но откако ќе ги исчистат несовесните граѓани повторно трупаат отпад.
-„Кога станав директор на комуналното претпријатие , увидов дека градот е полн со диви депонии и веднаш презедовме мерки во градот. Исчистивме 70% од депониите низ градот , сега ќе продолжиме и во периферните зони и надвор на градот. Целта е да ги елиминираме сите диви депонии“ , вели Икмет Ислами директор на Комунално Струга.
Стружанката Бесмира Ибрахими е добитничката на првата награда „Исчисти ја Струга“ за јануари. . Таа исчисти две плажи од отпад во реонот на Езерски лозја.
Инаку Струга со децении се соочува со несоодветно управуавање со отпадот , односно негово одлагање на дива депонија, за што е поднесена и првата граѓанска тужба против општината, комуналното претпријатие и министерството за живoтна средина.
Новинар Соња Рилковска
