Сериозен проблем со редовното водоснабдување во градот на мстовите.
Граѓаните имаат неколку часовни рестрикции за вода или кога има вода таа е матна и забранета за пиење.
Граѓаните се жалат дека изминативе месеци редовно имаат проблеми со водоснабдувањето.
Проблем има и во селата Лабуништа, Долно и Горно Татеши, Велешта и Долна Белица. Од Јавното претпријатие Проаква објаснуваат дека причина за проблемите е намаленота издашност на изворите кај Горна Белица и Шум.
-„Имаше рестрикции скоро цел месец октомври, од 22 часот до 6 часот наутро. Ова се должеше на лошите хидролошките состојби односно изворите драстично паднаа. Oд 4 ноември кога паднаа првите дождови по долго време, хидролошката состојба се подобри. И со рестрикции престанавме“, велат од Проаква во изјава за Алсат.
