Во вторник јавна расправа за за планот за управување со природното и културното наследство

 

Во вторник  јавна расправа за за планот за управување со природното и културното наследство во Скопје, Охрид и Струга. 

 

-Министерството за животна средина и просторно организира Јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Ќе биде разгледан и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028година, информираат од општина Охрид. 

Јавни расправи ќе се одржат во Клубот на пратеници во Скопје на 11 ноември, со почеток во 12 часот. Во Охрид и Струга настанот ќе се одржи на 12 ноември во НУЦК “Григор Прличев“ со почеток во 12 часот и во салата на Советот на Општина Струга во 15 часот и 30 минути.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани