Ѓоргиески: Општина Охрид наскоро ќе стане солвентна општина

Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, кои оставија блокирана сметка и долг од милијарда и 600 милиони денари, но со владината помош очекуваме општината наскоро да стане солвентна, истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ под мотото „На прав пат“

Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека долгот на општина Охрид, која12 години само растеше сега е намален на 380 милиони денари. Со делбениот биланс на претпријатието „Проаква“, јавното државно претпријатие „Колекторски систем“, го презеде долгот и очекуваме општината конечно да биде одблокирана напролет 2020, нагласи градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ „На прав пат“ во Охрид.

 

Сега следува развитокот на градот нагласи Георгиевски, најавувајќи дека наскоро ќе започнат бројни проекти, од кои ја издвои целосната ренострукција на улицата Емин Абас, со изградба на водовод, фекална и атмосферска канализација, како и новиот влез во Охрид од страната на Битола.

 

Поддршката што Охрид ја добива е огромна, го цениме тоа и повторно Охриѓани ќе докажат дека сме на прав пат и на 12 април ќе завериме уште една победа во Охрид, нагласи градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ „На прав пат” во Охрид, се наведува во соопштението на СДСМ.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани