Стружанец нападнал вработен во хотел

Вработениот бил тепан со шипка.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Н.(31) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Тој, на четврти април оваа година во 12:30 часот, по вербална расправија со вработен во хотел во Струга, го нападнал со железна шипка, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles