Стружани денеска на протест во знак на револт поради долгогодишните проблеми со водоснабдувањето.
Водата во градскиот водовод последните месеци редовно е заматена и секојдневно има прекини. Стружани се жалат во време на пандемија не можат да одржуваат лична хигиена. Вода купуваат и за пиење. Како во вековното минато полнат шишиња вода за секојдневните потреби, бидејќи нема ни капка после 20 часот, се исклучува без претходна најава.
„Сега ние мора да чекаме дожд за заврне , да се молиме на Бога за да имаме вода. Со сушниот ппериод не може да се извадат затоа што сегде низ сите ргадови не врнеше дожд па сите имаа вода само кај нас немаше““, вели еден стружанец.
„Не се проблем само рестрикциите кои се прават наводно поради немање доволно вода проблем е дека секојдненво немаме вода поради пуканти цефки , загадена вода“, вели друг стружанец.
Градот на две води, реката Црн Дрим и Охридското езеро речиси цела деценија се соочува со проблеми во водоснабдувањето. Граѓаните револтирани бараат надлежните итно да најдат решение во спротивно нема да плаќаат сметки.
„Овој проблем со водата е години наназад значи не е само овој период во члето цели три месеци немаме вода а последно и во номеври и декември да имаме пробеми со водоснабдувањето“, вели една стружанка. „Треба непослушност треба помасовни протести блокирани патишта бидејки овој проблем не се решава го имам веќе многу години во време на пандемија не можеш раце да измиеш“, вели еден стружанец.
Од јавното претрпријатие Водовод појаснуваат дека проблемот е во долгиот сушен период , старата водоводна мрежа, но и загадувањето кај изворите во Шум предизвикано од електраните. Новинар Соња Рилквоска
