Стружани се карале и непристојно се однесувале на улица.
-На 07.11.2019 во 11.30 часот во полициската станица Струга пријавено е дека на улицата „Славеј Планина“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир, со карање, викање и непристојно однесување, извршено од М.Ж. кон Б.Ј.(55), двајцата од Струга. Против нарушителот, според одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
