„Стружанка“ го сруши „Металург“

Ракометниот натпревар се играше за помош на Сара од Охрид и Зоран од Ложани.

Екипата на Стружанка направи изненадување на натпреварот од десеттото коло во Женската лига. Девојките од Струга на свој терен успеаја да го совладаат довчерашниот лидер, Металург со 25:23, и најавија голем приклучок во трката за титулата.
Од почетокот се виде мотивираноста кај домаќинките да победат во овој натпревар. Се стекна Стружанка со предност која успешно ја сочува и на полувреме замина со три погодоци предност, 13-10.
Во вториот дел, ситуациите на теренот продолжија во непроменет правец. Колку и да се обидуваше Металург да се врати секогаш остануваше краток, а во моментот кога гостинките направија еден гол негатива, Стружанка одново се консолидира и го приведе натпреварот до крајот, 25-23.
Бојана Јовановска од Стружанка беше најефикасна во победата и придонесе со девет голови. На другата страна, Теодора Гулицоска погоди шестпати.
Со овој пораз, Металург падна од првата позиција каде моментално му припаѓа на Куманово кој за потсетување успеа да го совлада Вардар. За Стружанка ова е четврта победа во низа, а во наредното коло ги очекува уште еден тежок натпревар против Пелистер.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани