Свети маченик Георгиј Кратовски — македонски е православен светител со потекло од Македонија.
Свети маченик Георгиј Кратовски — македонски православен светител со потекло од Македонија кој маченички пострадал за Христовата вера во осумнаесеттата година од својот живот во почетокот на XVI век. Денеска, Светата православна црква го одбележува Свети Ѓорги Кратовски кој на овој ден 1515 година бил мачен, а потоа и спален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија и познате е како заштитник на златарите и кујунџиите.Георгиј бил роден во градот Кратово во 1497 година, во семејството на сиромашните Димитриј и Цара. Започнал со школување на шест години, кога неговите родители го дале на училиште, кое било црковно. По добивање на основно образование, неговиот татко го пратил да го изучува златарскиот занает. Службата на маченикот Ѓорѓи се наоѓа во Минејот на 26 мај, а тоа е денот кога се пренесени моштите на светителот од гробот во црквата. Оттогаш св. Ѓорѓи двапати се празнува: денот на неговата маченичка смрт и денот на пренесувањето на неговите мошти. Во некои градови и земји златарскиот еснаф го почитува како свој патрон и заштитник. На неговото име се песветени повеќе храмови, а неговиот светителски култ полека се шири од Кратово, родниот крај, и Софија каде што пострадал, во сета земја македонска и пошироко.

