Според календарот на МПЦ денес се одбележува споменот на Светиот маченик Талалеј.
Свети Талалеј бил христијански светец, од татко Верукија а мајка Ромилија, родум од Ливан. По занимање бил лекар. Настрадал за Исус Христос во својата осумнаесета година за време на владеењето на Нумеријан. Кога ја исповедал својата вера во Христа пред судијата мачител, судијата им наредил на двајцата џелати Александар и Астерија, со сврдел да му ги продупчат колената, да провлечат конец низ издушчените коски и да го обесат за едно дрво. Во христијанската традиција се спомнува дека невидлива божја сила на џелатите им го одзела видот, па наместо да му ги продупчат колената на Талалеј тие продупчиле некоја даска и ја обесиле за дрвото. Кога мачителот дознал за тоа, помислил дека џелатите го направиле тоа намерно, па наредил да ги казнат со шибање со прачка. Тогаш џелатите Александар и Астерија викнале: “Нека е жив Господ, од сега и ние ќе постанеме христијани, веруваме во Христа и страдаме за него!” Кога го слушнал ова мачителот наредил да бидат исечени со меч. Во христијанската традиција се спомнува дека потоа самиот мачител го зел сврделот за да му ги продупчи колената на Талалеј, но некоја сила му ги одзела рацете, па мачителот морал да го моли Талалеј за спас. Талалеј се молел за спас на мачителот. После тоа мачителот го фрлил во вода, но Талалеј повторно се вратил жив пред мачителот. Потоа бил фрлен на ѕверови, но ѕверовите се умилкувале околу нозете на Талалеј. На крај во 284 година, Талалеј бил исечен со ме
Родум од Ливан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповеда својата вера во Господ Христос пред мачителот, овој им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво. Но на џелатите како една невидлива сила да им го зеде видот и наместо Талалеј тие издупчија една штица и ја обесија на дрвото. Кога дозна за ова мачителот помисли дека тоа го направиле намерно и нареди да ги бијат. Тогаш Александар и Астериј повикаа: „Жив Господ, отсега и ние сме христијани, веруваме во Христа и страдаме за Него!“ Кога го чу ова, мачителот нареди и ги убија со меч. Тогаш самиот мачител зеде сврдел за да му ги дупчи колената на Талалеј, но рацете му премалеа, па мораше да го моли Талалеј да го спаси, а овој тоа и го стори со молитва. Потоа го фрлија во вода, но тој жив му се јави на мачителот. (Зашто Талалеј во себе Го молеше Бога да не умре веднаш, туку да му се продолжат маките.) Кога го фрлија на ѕверовите, тие се умилкуваа околу него и му ги лижеа нозете. Најпосле беше убиен со меч и се пресели во Царството Небесно, во 284 година.
