„Светот останува на младите“ – мотивациско предавање на успешни претприемачи

Сите велат „светот останува на младите“. Од друга страна, сведоци сме дека во Македонија се повеќе млади сакаат да заминат и се помалку од нив сакаат да останат во државата.

 

Разговаравме со млади, родители, наставници. Од сите страни почувствувавме некоја апатија и немоќ дека нештата може да се сменат.Во таа насока, ние како граѓански активисти одлучивме да направиме експеримент. Да откриеме зошто младите се разочарани и дали постои начин младите да се заинтересираат за нови знаења, и како да се мотивираат да превземат активности во нивни раце за нештата кои се во нивен интерес.Успеавме да откриеме модел кој е супер успешен и кој може да им помогне на младите и на наставниците и на училиштата да ја вратат вербата во образованието. Да го доживеат значењето на флоскулата “Знаењето е сила знаењето е моќ. На младите останува светот!”, информираат од Локланата агенција за развој Струга. 

Нашиот успех и целосната тајна на моделот кој може да се примени од сите кои се дел од образованието сакаме да го споделиме со јавноста, особено со наставниците и училиштата од Охрид и Струга каде и го направивме овој експеримент.

Ќe ги споделиме сите чекори и добри практики кои ги применивме, и сите предизвици со кои се соочивме и буквално ќе го подариме на сите кои сакаат нашиот пристап да го применат и да уживаат во плодовите на успехот! А тоа се задоволни наставници и мотивирани ученици, вклучени во општествените предизвици.

Како специјален гостин ни доаѓа г-дин Хајан Селмани – еден од најуспешните претприемачи во Македонија кој во оваа насока ќе одржи мотивациски говор за присутните. „Разговори за успех со Хајан Селмани“ во Струга кој ќе се одржи на 21 Декември 2018 (петок) со почеток во 17:00 часот во Хотел Дрим (конгресна сала). На настанот покрај говорот на реномираниот бизнисмен од Македонија Хајан Селмани, ќе се презентираат и резултатите од проектот Подобри се – Зајакнија твојата заедница! кој е поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество а се имплементираше во претходните 9 месеци од страна на Локална Агенција за Развој – Струга.

Овој настан се организира како финален настан на проектот „Подобри се – Зајакнија твојата заедница! “, чија цел беше да промовира лидерство меѓу младите во југозападна Македонија (Охрид, Струга, Кичево и Дебар) и да ги инспирира да преземат проактивни улоги во нивните заедници. Во проектот спроведовме четири обуки за личен и професионален развој на младите; се промовираа и се поддржуваа младите како лидери во нивните заедници преку активности кои самите ги спроведоа; се релизираа пет студиски патувања и се воспостави соработка помеѓу младите и бизнис секторот, младинските организации и други релевантни институции кои можат да ги поддржат во нивната кариера.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани