Светскиот ден на културната разноликост се одбележува во Охрид

Во организација на студентите и професорите од Универзитетот „Св.Апостол Павле“, во Охрид пригодно ќе биде одбележан Светскиот ден на културната разноликост.

Студенти и професори од Универзитетот од повеќе од 15 земји од светот по петти пат ќе го одбележат Светскиот ден на културната разноликост преку презентација на народни носии, танци, песни и национални јадења.
Оваа манифестација ќе биде отворена утре на плоштадот „Св.Климент Охридски“ со почеток во 12 часот а ќе заврши со концерт во 19 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани