Несекојдневно доживување имаа учениците од основното училиште Св. „климент Охридски“-Охрид. Тие го посетија ТАВ Аеродромот „Св. Апостол Павле“.
Согласно наставната програма но и со успешната соработка со родителите, учениците од ОУ „Св Климент Охридски“- Охрид заедно со своите учители од второ одделение го посетија Охридскиот аеродром. За нив, вистинско доживување беше кога го гледаа слетувањето и полетувањето на еден авион. Учениците беа пречекани како патници, при што го разгледаа авионот и се запознаа и со пилотот и останатиот авионски екипаж.