По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година се одбележува на 29 септември, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, ја нагласи важноста од континуирана грижа и превенција на срцевото здравје.
Годинашното одбележување се одвива под мотото „Don’t Miss a Beat“, со акцент на значењето на навремената превенција, дијагностика и третман на кардиоваскуларните заболувања.
Како институција специјализирана во областа на кардиоваскуларната медицина, охридската болница преку едукативни активности и стручни совети има цел да ја подигне свеста кај граѓаните за ризиците и начините за зачувување на здравјето на срцето.
Активностите се реализираат во соработка со „Алкалоид“ АД Скопје, преку споделување стручни совети и едукативни материјали.
Од болницата порачуваат дека грижата за срцето не треба да биде само еднодневна активност, туку секојдневна одговорност кон сопственото здравје.

