СВР Охрид: Носете заштитни маски

Полицијата е категорична, казни ќе има за неносење маски.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 37 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-14, Струга-15, Кичево-5, Дебар-03).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


Димоски напомена дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 14 контроли врз угостителски и други објекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани