За СВР Охрид, информациите за блокади пред синоќешниот митинг се лажни вести.
СВР Охрид најостро ги демантира лажните вести што синоќа ги ширеа одредени интернет портали за наводни блокади и вонредни технички прегледи на автобуси со симпатизери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Охрид. СВР Охрид ја известува јавноста дека станува збор за класични лаги и манипулации. Ниту имало блокади ниту било какви технички прегледи туку станува збор за класична лага.
