22 годишното момче заработил кривична.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против У.В.(22) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.01.2019 полициски службеници, во угостителски објект во село Делогожда, извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле пиштол „Црвена Застава“ калибар 9 милиметри. Пријавениот, оружјето го поседувал без соодветна дозвола.
