Тепачка меѓу малолетници во Струга

Струшката полиција повикува малолетници на разговор.

Вчера околу 15,30 часот на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир во која учествувале две групи од неколку малолетни лица. Притоа, еден од нив бил физички нападнат најпрвин од едно лице а потоа се вклучиле и другите лица од групата. Причина за нападот е тоа што истиот ден околу 09,10 часот во претходна расправија било искршено стакло на паркирано патничко моторно возило „Мерцедес“ и за истото оштетениот бил повикан кај директорот на средното училиште “Ибраим Темо” и истиот го посочил напаѓачот како сторител на оштетувањето. Во нарушувањето, физички е нападнато уште едно лице кое се обидело да ги раздвои.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека плициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани