Тепачка меѓу повозрасни жители на село Пештани.
На 20.06.2022 година во 04.45 часот во СВР Охрид пријавено е дека во близина на населбата Пештани нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(75) од една и М.Ѓ.(77) и А.Ѓ.(75), од друга страна, сите од Скопје. Против нарушителите ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.