На струшкото крајбрежје ќе се уредуваат нови плажи.
Ќе има шанкови, лежалки, чадори и урбана опрема. Ќе се издаваат локации по теркот на постоечките, со договори за закупнина која ја инкасира општината. Првиот човек на градот вели, додека се чека Агенцијата да го изработи Планот за охридското крајбрежје не смее да трпи туризмот, уредени современи капалишта мора да има за туристите.
-„Има дополнителни места кои ќе бидат плажи, мислам дека во целост сите плажи ќе бидат во функција на сите гости кои ќе дојдат во Струга за летните одмори и имаме направено добра понуда “, вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.
Според Мерко угостителските објекти на плажите не се дивоградби, напротив имаат легални договори. Се што е на државно земјиште, а го користат приватни лица го наплатува општината.
„Сите се легални , додека се договараме со централната власт како понатака ќе биде планот за коритење на плажите ние мораме да ги искористиме и со нив да го надополнуваме и дел од буџетот на општина Струга“, додава Мерко.
Ова лето Струга очекува рекорден број туристи од земјава и странство и огромен број на печалбари, кои после пандемијата ќе дојдат во родниот град.
Новинар Соња Рилковска