Две момчиња на мотор се тешко повредени.
Утрово околу 02,00 часот било пријавено дека на патот Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(39) од Струга и мотоцикл „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17 годишен малолетник и каде сопатник бил уште еден 17 годишен малолетник и двајцата од с.Лабуништа,струшко.
– Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата ,,Св.Еразмо-Охрид’’. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга,изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
