Во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид се организира едночасовен концерт на оперскиот пејач Влатко Груевски.
Програмата вклучува најпознати италијански канцони, меѓу кои и “‘O sole mio”, темата на најпознатата “Hijo de la Luna” и сл.
Концертот е дел од летната сезона на Влатко Груевски насловена “The Art of power” или во превод моќта на уметноста. Како уметнички соработник, воедно и пијанист, ќе настапи Андреј Наунов.
Почетокот на концертот е на 15 јули (понеделник) во 20.30 часот.