Здружена реакција на граѓанските организации од земјава за предлог-законот за Охридскиот регион

Здружена реакција на граѓанските организации од земјава за предлог-законот за Охридскиот регион. 

 -„Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување на единственото УНЕСКО подрачје во земјата.

Им укажуваме на предлагачите на Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (Предлог-законот), акој требаше да влезе во собраниска процедура оваа недела, дека текстот на Предлог-законот не е ист со оној кој беше дискутиран на јавната расправа на крајот на 2018 год. и презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Баку. Предлагачитево него додале член со кој уредувапримена на т.н. Бадентеровото мнозинство (односно двојно мнозинство) при носење напрепораките и мислењата на Советот за Охридскиот регион (Советот)..

Сметаме дека ваквиот начин на носење одлуки на Советот за Охридскиот регион не е во согласност со Охридскиот рамковен договор, бидејќи Бадентеровиот принцип на донесување одлуки се воспостави за да се избегне надгласувањето на помалите етнички заедници за сметка на мнозинството во претставничките тела, како Собранието и советите на локалната самоуправа, каде избрани претставници носат одлуки во името на граѓаните. Во конкретниот случај се работи за стручно тело со советодавна улога, чиј мандат е точно определен во членот 9 од Предлог-законот, односно тело кое дава мислења, препораки и предлози заради зачувување на природата и културното наследство на Охридскиот регион, но не донесува одлуки!

Имено, во членот 8, став 15 од Предлог – законот уредено едека членовите се бираат според нивната функција, односно позиција во одредена релевантна институција, а не согласно принципот на Бадентер, од што произлегува дека не мора да значи дека нејзиниот состав ќе ја одразува етничката структура на државата.

Воедно сметаме дека ваквото законско решение ќе создаде простор за локални моќници директно да влијаат на сите препораки, предлози и мислења што ќе ги носи овој Совет и повторно ќе се реализираатштетни инфраструктурни проекти, а кои ќе значат понатамошно уништување на Охридскиот регион и со сигурност ќе бидат причина за губење на статусот на УНЕСКО во 2020 година.

Затоа:

–       Бараме од Министерството за култура, како предлагач на Предлог-законот до Собранието на РСМ да го достави текстот на Предлог-законот кој беше предмет на јавна расправа и кој беше презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Бакуво јуни 2019 год.;

–       Бараме од Собранието на РСМ во прво читање да расправа по текстот на Предлог-законотод ноември 2018 год. кој беше консултиран со засегнатите страни и јавноста и кој беше доставен до Комитетот на УНЕСКОво Баку во јуни 2019 год.

–       Бараме од Владата на РСМ да ја препознае заканата од уништување на природното и културно наследство и сериозно и доследно да се заложи за  спроведување назаконските и подзаконските акти донесени во оваа држава, почнувајќи со Уставот на РСМ, а кои посебно влијаат на природнотото и културното наследство“, стои во реакцијата на  невладините. 

 

 

 

 

 

Social profiles