Тлото на Балканот не се смирува. Утрово во 7 часот нов силен потрес со јачина од 4.2 степени на 36 км од Тирана.
Нов земјотрес од 4,1 степен по Рихтер ја погоди и Босна.
Како што наведува Еуромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот е забележан нешто по 4 часот,ноќва а епицентарот бил на подрачјето на Невесиње, на длабочина од 10 километри.
Овој краткотраен земјотрес го почувствувале жителите на Сараево и Мостар, но и соседните Црна Гора и Хрватска.
Како што е познато, ова е само еден во низата земјотреси кои го погодија јадранското поднебје, а секако најголема штета претрпе Албанија која на 26. ноември беше погодена од разорен потрес во кој загинаа најмалку 50 лица, а повредени повеќе од 700.
